Мода

Шалот како моден додаток

Шалот како моден додаток најчесто потсетува на есен и зима, па според моменталниот календар, но и според временските прилики кои ги имаме вистински момент е… да го искористите моменталниот тренд кој постои кај нас веќе некое време и од своите фиоки да го побарате она парче кое одговара на вашата гардероба.

Ладните утра и дождливите ноќи се идеална прилика да го збогатите вашиот изглед, но и да се загреете себеси со топол и удобен моден детаљ, шалот.

Се разбира како и кај сите модни детали мошне важно при избор на кој шал ќе носите е да внимавате на деталите, како што е бојата, дезенот, или пак материјалот на шалот. Она што ќе го одберете дефинитивно треба да одговара на вашиот стил на облекување.


Историјата за шаловите започнува во стариот Рим, во време кога шаловите не се носеле како моден детаљ, или пак да се заштитат од студот, туку како заштита од прашината која била многу поприсутна.

Како и да е без разлика за што ќе се одлучите, дали за украсен или зимски шал, или пак за шал изработен од свила, волна, кашмир или некој синтетички материјал, најбитно е да внимавате истиот да не биде пренападен. Шалот како и секој додаток на облеката треба да биде во склад со се друго што носите, од материјалот со кој е направен, до боите и дезенот кој истиот го има.


Се разбира за избор на бои и материјали не можеме нешто посебно да зборуваме, посебно заради тоа што се работи за различни вкусови и стилови, па доколку не можете да се одлучите каква боја на шал да носите, искомбинирајте го со некој од останатите модни додатоци кои ги носите.

Пред да излезете погледнете се во огледало и забележите дали е премногу нападен и дали шалот изгледа како да е дел од некоја комбинација која ја носите или пак нафрлено парче кое случајно сте го ставиле на себе.

Напиши коментар