Мода

Шанел чантите се вечни

Класични, елегантни, безвременски… Така во повеќето случаи би можеле да ги опишеме чантите кои ни ги претставува модната куќа со столетна традиција, Chanel. Karl Lagerfeld е човекот кој раководи со огромната машинерија во која секој е задолжен за поедини делови во империјата на Chanel, но сепак благословот од дизајнерот на крајот е најважен, како што е и случајот со претставувањето на пролетната колекција чанти во Париз.

Визијата за живот под нивото на морето го водеше Karl во реализацијата на целата колекција чанти , прикажувајки ги во облик на школки и нивните производи – бисерите. Меѓутоа познатиот дизајнер ги предвиде и ги реализира веќе видените колекции чанти, наменети за сите тие вљубенички на добро познатата Chanelova класика. И во ова колекција има од сè помалку, од големи чекери во кои можете да ставете се што би ви паднало на памет, па до некаде добри 255 стари модели во реиздание, па се до неодоливо рамни чанти направени од змиска кожа.

Боите кои преовладуваат, типично се летни; морнарско плава, бела и црвена, а верните обожавателки ќе се изненадат и од неколкуте примероци обвиткани во металик златна беж и азурно сина. Како изгледа пролетната колекција култни чанти со препознатливиот СС симбол, погледнете во нашата галерија.

Напиши коментар