← НАЗАД НА БОЗА

Шарени нокти за неколку секунди

Шарени нокти за неколку секунди
3105 Читања

Повеќе нема да ви биде проблем дури и најубавиот маникир да си го направите дома. Нема повеќе да ви требаат часови за да го направите тоа, а уште помалки нерви и трпение кои на крајот се покажува дека се залудно потрошени.

За сите љубители на шарените ноктиња ова е супер вест. Може да си направите шарени стикери за ноктите и самите дома.

Одберете ја сканата сликичка, а има многу на интернет, и испринтајте ја на хартија. Внимавајте само на големината на сликичката. Нека биде малку поголема од што е вашиот нокт. Доколку се снаоѓате со фотошоп тогаш димензиите дотерајте ги со негова помош.

Излакирајте ги ноктите со светол лак кој ќе биде основа, бел, крем, светло розов…

Ставете ги ноктите во сад со алкохол, за да се намократ ноктите. Држете ги 3-5 секунди.

Потоа веднаш ставете ја хартијата на ноктите и притиснете.

Оставете неколку секунди и кога ќе ја тргнете хартијата вашите нокти се готови.

Една напомена: печатењето на хартијата треба да е ласерско.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk