Една од најомилените програми на сите фотографи, стилисти и познати личности секако е Фотошоп. Меѓутоа, многу често се случува да оваа програма ја уништи природната убавина на тој на сликата.
Шарлиз Терон е една од најубавите актерки на денешницата. На насловната страница на „Los Angeles Confidential“ таа се излежува пред еден базен, сензуална и убава како и секогаш.
Сепак, размислете дали има шанси нејзината рака навистина да е сликана во таа положба. Уште полошо, се чини дека нејзините прсти поминале низ дигитална манипулација, па Шарлиз на крај добила дебели прсти и поголем зглоб отколку вообичаено.



