ШоуБиз

Шефот на Формула 1 ќе си ја тужел ќерка си!?!

Тамара Еклстон често ја именуваат со називот „татина миленица“, но богатата наследничка во своето реално шоу откри дека еднаш татко ѝ сакал да ја тужи. 26-годишната ќерка на Берни Еклстон лансирала своја колекција на производи за нега на коса, но имала проблем со бирањето име за линијата.

–        Сакав да се вика „Формула 1“ или „1 Формула“. Мислев дека татко ми ќе биде горд на мене. Кога ме праша како напредува работата и дали сум одбрала име, му ја кажав идејата. Следно ми рече дека ќе ме тужи, – изјави Тамара во реалното шоу „Billion Dollar Girl“ во кое открива досега непознати детаљи за себе.

–        Ми рече: „Тамара, да не си луда? Мислам дека не ги разбираш работите. Луѓето ми плаќаат огромни пари за да го користат името на Формула 1 или барем логото. Со години го градев тој бренд. Дали навистина мислеше дека ќе ти допуштам да го користиш името?

Сега Тамара сфаќа дека луѓето му плаќаат на Берни милиони фунти и постојано му праќаат писма во кои го молат да се послужат со името на Формула 1.

Сега линијата ќе се вика „Уно“.

Напиши коментар