ШоуБиз

Шенон Доерти ќе си ја проба среќата по трети пат

Според списанието „Пипл“, актерката се омажи за својот вереник Курт Исвариенко.

Шенон Доерти (40), најпозната во јавноста по улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс“, по трет пат го изговори судбоносното „да“ и тоа во саботата на зајдисонце во Малибу . Претходно беше во брак со актерите Ешли Хамилтон и Рик Соломон, кој е поранешен дечко на Парис Хилтон.

Моментално, Доерти снима едно реално шоу, а истовремено се подготвуваше и за свадбата. Церемонијата за свадбата ќе биде прикажана како финале на сезоната од реалното шоу.

Напиши коментар