Британската пејачка Шерил Кол била на концерт на Ријана,а своите впечатоци ги споделила со цел свет.
Шерил била сместена во ВИП ложата во Лондон, каде Ријана имала концерт, а откако завршил концертот, Кол веднаш се огласила на својот Твитер:
– Ти честитам за завршувањето на турнејата, Ријана. Ти посакувам прекрасен Божиќ, заслуживме одмор и уште една прекрасна година. Во име на тоа, на здравје нека ни е, – како што вели и една позната песна на Ријана.
Шерил која е позната како голем љубител на чевли, почна да дизајнира, а во нејзината колекција се најде и еден пар специјално направен за Ријана.

