Шерил Кол некогашната сопруга на фудбалерот Ешли Кол, ја престави својата нова колекција на женски чевли. Многу од модните гуруа признаваат дека Шерил е дизајнерот кој има најголемо влијание врз Англичанките и нивниот избор на вистински пар чевли.
Додека нејзината колешка од истата бранша Викториа Бекам не ја симпатизира и често ја критикува нарекувајќи ја дизајнер без стил и без свое јас. Итрата Шерил на сите овие критики и возврати со тоа што облече фустан дизајниран од страна на Викториа и тоа на доделувањето на наградите „ Pride of Britain“.
На вас останува да одлучите кој е во право.