ШоуБиз

Шерил Кол стана плавуша!

Прекрасната пејачка Шерил Кол која е позната по честите промени на фризурите, си ја претстави новата фризура и сите видовме – плавуша! На црвениот тепих на доделувањето на наградите „Pride of Britain“, Шерил заблеска со тазе медено-жолтите прамени и брановидната фризура во стил на Холивуд пред некоја декада.

Згодната пејачка за оваа пригода имаше облечено едноставен долг фустан од последната колекција на Викторија Бекам која ја гледа Шерил како ривал и не зборува баш најубави работи за неа.

На Шерил изгледа ова не ѝ смета и без предрасуди си одбрала фустан од колекцијата на Бекам, која неодамна рече дека Шерил нема вкус за облека.

Е, ај да ја видиме што ќе каже сега!

Напиши коментар