Луис Хамилтон (25) и Никол Шерзингер (31) неодамна ја шокираа јавноста со изјавата дека ја прекинуваат 4-годишната врска. Едно време таблоидите почнаа и двајцата да ги поврзуваат со нови личности, а тие ова разијдување го објаснија како немање доволно време за да се посветат еден на друг.
Сепак, „Sun“ пренесува дека парот е повторно заедно, бидејќи сезоната на Формула 1 завршува, па двајцата во периодов имаат повеќе време да сфатат дека се створени еден за друг.
– Не можеа да патуваат по цел свет и да ја одржуваат врската само преку Скајп, па мислеа дека подобро е да раскинат. На крај, пак се смирија, – вели еден извор близок на парот.
Луис и Никол сеуште се немаат изјаснето за наводното смирување.
