Убавина

Шминка за на работа

Многу често се случува на работа да заминеме со перфектна шминка, а низ канцеларија да се шетаме со размачкана сенка, едвај приметлива пудра, без руменило… Триковите на професионалните шминкери ќе ви помогнат како да ја одржите шминаката подолготрајно.

За совршен тен

Сенката и руменилото многу подолго би се задржале на лицето доколку претходно нанаесте течна пудра. Важно е пудрата да ја избирате во зависност од тоа каква кожа имате. Пудрата треба да одговара на вашиот тип на кожа, исто како што ја одбирате кремата за лице.

Нанесување на коректор

Најважно е коректорот кога ќе го нанесете на лицето да го тапкате со прстите. Доколку го размачкувате тој е погуст и со тек на време ќе се собере во линии кои дополнително ќе ги истакнат вашите подочници и брчки.

Долготрајност на сенки и кармин

Професионалните шминкери долготрајноста на сенките и кармините ја обезбедуваат со моливчето за очи и усни. Текстурата на овие моливчиња е налик на восок па така полесно на нив се задрзува сенката во прав и карминот.

Откако ќе го нанесете дневниот крем, коректорот, течната пудра, на ред е руменилото. Тоа ќе ви даде свежина на лицето кое е уморно од долгото седење во затворена канцеларија пред компјутер.

Сенки за очи

Неутралните бои на сенкки се најдобар избор за работниот ден. Светло сивата и светло кафената делуваат елегантно и одлично ги истакнуваат очите под јакото канцелариско светло.

 

Напиши коментар