Визажистите за овој преиод од годината предложуваат да употребувате темно зелени, темно сини или виолетови тонови на сенка за очи.
Најпрво нанесете ја подлогата. Ставете течна пудра, а камената доколку е неопходно. Поиграјте се со руменилото. Ставајте во неколку нијанси. На почетокот од јаболчниците ставете потемно руменило, а кон образот ставете посветло.

Очите нека бидат нагласени. За дополнителен заводлив поглед користете туш за очи. Темни сенки во неколку нијанси.
Усните нека останат неутрални. Доволно е да нанесете сјај за усни или пак кармин кој е најприближен до бојата на кожата. Нека биде за нијанса потемен за да не изгледате како дух.

