ШоуБиз

Што бара Лејди Гага во Белата куќа?

Поп ѕвездата моментално се наоѓа во Белата куќа каде со официјалната администрација на Барак Обама дискутира за превенција на насилството меѓу младите.

Лејди Гага била дел од пресконференцијата на која се разговарало како да се спречи зголемениот број на млади луѓе кои се жртви на насилство. Скоро една третина, или 13 милиони ученици се жртви на силеџиското однесување од своите врсници.

За жал, Гага нема да се сретне лично со Обама, бидејќи тој се наоѓаво Кентаки каде се разговара за моменталната економска ситуација во земјата.

До приемот на Гага во Белата куќа дошло на нејзина иницијатива. Гага сакала да го изнесе случајот на 14-годишниот Џејми Родмејер на светлина. Тој поради постојаното насилство врз него на училиште, одлучил да се самоубие. Лејди Гага сака да се донесе закон со кој ќе се забранат силеџиските напади во училиштата.

Write A Comment