Мода

Што би било кога 007 би била жена???

Благодарение на комбинацијата од боите, материјалите и кроевите, оваа колекција одговара како за дневно така и за ноќно носење. На пример, добар капут облечен врз елегантен комбинизон убаво ќе ве прикаже за време на ноќно излегување, а за дневна опција искомбинирајте пантолони и лесна блуза.

„ Во секоја колекција ја величам жената и се трудам да им ја покажам и оддадам својата почит. Во актуелната колекција TEO P. за  MAK за сезоната есен / зима 2011/12. Се постави прашањето што би било кога James Bond би бил жена, и како би се облекувала? Настојував да создадам колекција токму за таква, урбана жена која е секогаш дотерана без обѕир што работи, какви обврски има во текот на целиот ден и колку време и посветува на својата фамилија. Бидејќи таа скоро целиот ден буквално е на  ‘red carpet’ и носи облека која истовремено е и модерна и убава, и се разбира прикладна, функционална и комотна. Таквата жена мора добро и убаво да се чувствува и кога оди до продавница а и кога оди да ги земе или однесе децата во градинка“ вели дизајнерот Тео Периќ истакнувајќи притоа колку новата колекција е функционална.

Колекцијата се карактеризира со ретро минимализам, а кроевите се добри стари класични и доста прочистени, но истовремено и невообичаено опуштени како би им на  жените од 21 век било поудобно. Иако во колекцијата би се препознало влијанието од 80 – па и 90 – години на 20. век, идејата на колекцијата е да стане безвременска. Затоа  парче облека од колекцијата и идната година нема да биде демоде , бидејќи се работи за вечни и елегантни парчиња.

 

 

Write A Comment