Иако многумина би очекувале дека за проблематичниот Ирец инспирација да почне да се занимава со актерство биле главно филмовите со „опасни момци“, тој открива дека не е баш така.
Колин Фарел вели дека уште од 8 години знаел што сака да биде кога ќе порасне и дека главен виновник за тоа е научно-фантастичниот филм за деца „E.T.“ на режисерот Стивен Спилберг.
– Плачев и уживав додека го гледав. Филмот ме однесе во еден сосема поинаков свет и кај мене ги пробуди сите можни емоции, – открива актерот кој важи за еден од најпроблематичните актери на денешницата.
Тој на непристојните прашања на новинарите често знае да одговори со песна.
