ШоуБиз

Што и кога смеат да гледаат на ТВ ќерките на Обама?

На Барак Обама не му се допаѓа кога неговите ќерки ја гледаат емисијата „Во чекор со Кардашијан“.

Првата дама на Америка во едно интервју изјави дека со сопругот им имаат поставено правила на ќерките што и кога смее да се гледа на телевизија.

Мишел Обама не им дозволува на Малиј и Саша да гледаат телевизија и да користат интернет за време на работната недела, освен ако тоа не им е неопходно за во училиште. За викенд сите заедно ги гледаат омилените емисии. На девојките многу им се допаѓа шоуто „Во чекор со Кардашијан“, но Барак не е многу воодушевен од емисијата.

–    Кога гледаат Барак се мршти. Јас мислам дека треба да се разговара за тоа и повеќе ме загрижува фактот како тие го доживуваат шоуто и што научиле гледајќи го. Ако ги научат правите лекции, а не примерите дека сето тоа е лудо, тогаш е во ред да гледаат, – изјавила Мишел Обама.

Напиши коментар