ШоуБиз

Што ли ќе биде кога ќе дознае кралицата? Хари си најде девојка конобарка

Младиот британски принц наводно се забавува со една келнерка од Калифорнија. Или барем така се шушка по американските медиуми.

Хари, којшто неодамна ја раскина врската со манекенката Флоренс Бруденел – Брус, ја запознал Џесика Доналдсон пред само две недели во хотелот „Андаж“ во Сан Диего. Таа таму служела пијачки во еден од хотелските барови.

По рааботното време, Џесика им се придружила на Хари и на неговите пријатели во апартманот на принцот, а наредниот ден излегле на ручек во еден ресторан на плажата во Сан Диего, – пишува сајтот „Sun“.

–        Таа е многу забавна, весела и спонтана девојка и многу му се допадна на Хари. Огромен е бројот на девојки што трчаат по Хари, но моментално тој не го симнува погледот од Џес, која многу наликува на Кејт Мидлтон, – изјавил еден пријател на Хари.

Напиши коментар