Родителите би требало да знаат дека е многу важно детето да го научат да ги препознава пораките на своето тело кога е гладно, но и кога му е доста од јадење. Сепак, често се случува кога родителите го хранат детето кое само би можело да јаде…. и тоа така што ќе му ја преполнат устата и премногу брзо ќе му даваат да јаде. Практично му даваат со сила а детето неможе да се ослободи од таквата тортура.
Од големо значење е детето да научи да ги препознава пораките на своето тело, па поради тоа:
*не го хранете брзо детето и не му го проширувајте отворот на цуцлата. Бебето не мора да ја пие целата количина на формули која му е припремена. Не го хранете кога ќе заплаче, можеби е само жедно, па понудете го со вода.
*не инсистирајте да го изеде јадењето до крај. Тоа може да биде лошо од две страни. Навачувањето да изеде се од чинијата, кај некои деца ќе предизвика прејаденост и здебелување, а кај други ќе предизвика намалување на апетитот. Дозволете детето само да одлучи дали ќе јаде и колку ќе јаде, немојте да го наградувате или казнувате со храната.
