ШоуБиз

Што прави Стив од серијата “Беверли Хилс” 90210

Иан Зеринг, попознат како Стив од негогаш популарната серија „Beverly Hills 90210“ станал семеен човек во вистинска смисла на зборот. Со сопругата Ерин и ќерката Миа моментално се наоѓаат на еден саем во Лос Анџелес и одлично се забавуваат.

Неговата ќеркичка има само 6 месеци, а од сликите се гледа дека Стив и Ерин уживаат во улогата на родители. На Стив, годините многу не му наштетиле, со оглед на тоа што сега има 48 години, а му се гледа само по некоја брчка на челото, се разбира.

Слободно можеме да кажеме дека воопшто не се променил од оние денови кога секој ден со нетрпение го чекавме да се појави пред малите екрани.

Напиши коментар