man fashion

Што треба секој маж да има во плакарот оваа зима?

Како што потопло, но и во тренд да ги поминеме најладните месеци од годината кои ни следат? Ние ќе ви го дадеме одговорот на ова прашање. Ова се неколку парчиња облека кои ќе ве стоплат,а воедно ќе го подигнат вашиот стајлинг на повисоко ниво.

Капути

Тие можеби се скапи, но се безвременска инвестиција. Може да ги носите неколку години. Комбинирајте ги со аксесоарите кои се ин таа зима и може да ги носите подолго време.

Кожна јакна

Таа е во ист ранг со капутот. Со плетен шал и капа може да ја носите во секоја пригода. Нема да погрешите доколку се одлучите за црна и темно кафена боја.

Карирано парче облека

Имајте нешто карирано. Тоа е ин оваа есен – зима. Дали тоа ќе биде кошула, блуза, панталони… не е важно. Изберете сива, маслинасто-зелена или темно сина боја бидејќи тие бои полесно ќе ги комбинирате со останатата гардероба која ја имате.

Големи и впечатливи модни детали

Оваа зима одберете големи касесоари. Големи крзнени капи, големи очила за сонце, голем плетен дебел шал, ракавици кои имаат крзно и копчиња…

Напиши коментар