Адријана Лима од јатото на ангелите на „Victoria’s Secret“ вниматело избира подароци за Божиќ. Погледнете што сè одбрала таа и нејзините колешки.
Супермоделите Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Шанел Иман и Линдзи Елингстон, во пресрет на претстојните празници ги избираат своите омилени подароци.
Линдзи го бира „пуш ап“ брусхалтерот кој го носела на ревијата и парфем „Angel“.
Адријана Лима е воодушевена од парфемот „Bombshell Seduction“, од една топла пижама и еден секси корсет. Шанел Иман се одлучила за мека наметка и за џемпер, а Амбросио за брусхалтер кој исто така го носела на последната ревија.
На крај, сепак, сите се согласуваат дека хармонијата во семејството е тоа што го прави Божиќ посебен и магичен.
Погледнете ги нивните избори:
httpv://www.youtube.com/watch?v=BG08HMCY6mk&
