Поранешната швалерка на Тајгер Вудс, Рејчел Учител изјавила дека веќе пет месеци е бремена.
26-годишната Рејчел објавила слика на својот Твитер профил каде заедно со својот сопруг го покажуваат нејзиниот труднечки стомак. Рејчел е инаку риалити ѕвезда и изјавила дека очекува ако детето е машко да биде убаво на татко му.

Иако венчавка на Рејчел и Мет Хан беше во октомври, оваа година, од нејзиниот коментар може да се заклучи дека Рејчел била бремена уште пред нивното законско соединување. Сопругот Мет е десет години помлад и ова е втор брак на Рејчел. Пред нивниот брак, Рејчел беше број еден љубовница на познатиот голфер Тајгер Вудс.

