ШоуБиз

Шварци со музеј:) Што сум си згоден:)

Арнолд Шварценегер присуствуваше на отворањето на музејот во Австрија кој е посветен на неговиот лик и дело.

Музејот се наоѓа во неговото родно село Тал во Австрија. Сите експонати сведочат за развојот на овој бодибилдер, и тоа од обичен, млад, американски имигрант до филмска ѕвезда и на крај до гувернер на Калифорнија. Музејот требало да се отвори уште во јули, но церемонијата била одложена со цел Шварценегер сам да ја открие сопствената бронзена статуа.

Шварценегер, кој е на сред развод со Марија Шрајвер, кажал дека неговата венчавка со неа е еден од настаните што секогаш ќе будат нежни спомени во него.

Напиши коментар