ШоуБиз

Си ги скршил забите пред настап… жив малер!

Пејачот не сакајќи се слизнал под тушот, си скршил неколку заби, па на крај морал да биде хоспитализиран.

Стивен Тајлер (63) бил во Парагвај, каде требало да настапи заедно со својот бенд Аеросмит, но во пресрет на настапот доживеал незгода во хотелската бања.

Како што се туширал, се лизнал, паднал и си ја удрил главата на подот. Неговите помошници веднаш го однеле во болница. Констатирано е дека си скршил неколку заби и се здобил со полесни повреди.

Неговиот портпарол соопштил дека Тајлер паднал поради премореноста предизвикана од труењето со храна и дека засега концертот е одложен за некоку дена.

Напиши коментар