Иако поминаа речиси две децении откако за прв пат се појави во јавност и ги остави сите без здив, Синди Крафорд не им се предава на годините. Нејзината витка фигура и на 45 години може да им парира на сите супермодели од поновите генерации. А нејзините долги нозе и понатаму се едни од најпосакуваните.
Супермоделот, а сега и супер мајката, Синди Крафорд и понатаму им пркоси на староста и на годините. Иако кариерата ја стави малку на страна, светот никако не ја заборава.
Фотографиите кои ќе ги видите ќе ви кажат и зошто е тоа така. Синди е фатена како ужива на една плажа во Мексико со сопругот и со децата, а нејзината витка фигура и секси бикини не оставаат никого рамнодушен.
Погледнете ја:









