ШоуБиз

Синот на Мајкл Даглас дила дрога и во затвор!

Најстариот син на Мајкл Даглас, Камерон кој измината година беше осуден на пет години затвор поради продажба на кокаин, призна дека во затворот продолжил да продава дрога. Поради тоа, добил и дополнителна казна затвор.

Иако се наоѓа во затвор од април, 2010 година, Камерон во средата призна дека си продолжил со работата и додека ја отслужувал казната. Во неговата ќелија била пронајдена дрога. Инаку Камерон е актер и диџеј, а Мајкл Даглас го добил својот проблематичен син со бившата жена Диандра.

–   Му се извинувам на моето семејство што му приредив ваков кошмар. Барам уште една прилика да се поправам и да бидам пример за помладите сестри и браќа, – изјавил Камерон пред година и пол, кога прв пат бил осуден на казна затвор.

Напиши коментар