ШоуБиз

Sирнете во плакарот на Тамара Еклстон! Огромно!!!

Тамара Еклстон има сè што ќе посака. Неодамна, британските медиуми го посетија нејзиниот дом и Тамара им го покажа својот гардеробер. Во својата завидна колекција, таа поседува 100 пара луксузни Кристијан Лоботин чевли, 15 пара од популарните Агсица чевли, 20 пара патики и многу други неверојатни парчиња.

Додека го покажува своето богатство, Тамара вели дека е модел и водителка, освен што е татина богаташка. Богатството на нејзиниот татко Берни е проценето на 2,5 милијарди фунти.

Овој гардеробер на Тамара би можел да се замени со еднособен стан, кога таа би сакала.

Инаку, во колекцијата има многу дизајнерски чанти и фустани од кои едно парче чини околу 1000 фунти. Секои Лоботин чевли чинат по околу 600 фунти што значи дека само на овој бренд Тамара потошила 60.000 фунти. Биркин чантите чинат по најмалку 5.000 фунти, а таа има околу 20. Во плакарот има и чанти од колекцијата на Александар МекКвин.

Тамара вели дека се срами што гостинската соба ја претворила во гардеробер. Човек може слободно да си направи турнеја низ нејзиниот гардеробер, толку е голема. Исто така, Тамара им праќа доста облека на роднините во Хрватска, па нејзината мајка е ужасната од парите кои Тамара ги троши на облека.

Напиши коментар