ШоуБиз

Сите ја игнорираат љубовницата на Ештон Качер

Сара Лил открива дека животот и се претворил во пекол откако се дозна дека Ештон Качер со неа ја изневерил својата соруга Деми Мур на денот на 6-годишнината од нивниот брак.

По аферата, Сара останала без работа во канцеларијата, а нејзините роднини и пријатели престанале да комуницираат со неа. Сите ја игнорираат 22-годишната Сара, а семејството ја напаѓа.

–  Татко ми не сака да зборува со мене, а добив и многу вознемирувачки повици од пријатели на пријателите, – изјавила таа. Тврди дека не е распуштена девојка како што сите ја прикажуваат и дека не знаела оти актерот е оженет.

–  Ова е лудо. Излегува како сама да сум си го барала, но не е така. Тој е дечко кој страшно добро изгледа и постапив глупаво. Кога луѓето ми велат дека не можат да поверуваат што сум направила, ми доаѓа да им речам дека повеќето 22-годишни девојки би ја направиле потполно истата работа, – се правда Сара.

Write A Comment