ШоуБиз

Сите разочарани од голата Линдзи Лохан!

Веста дека Линдзи Лохан ќе се соблече за “Плејбој“ беше ударна вест пред неколку денови. Малку поради тоа што ќе ја видиме гола, малку поради шпекулациите дека Лохан се слика за еден милион „навистина потребни“ долари, сите се полакомија за нејзиното голо торзо.

На Твитер се појави слика од насловната страница на најновиот број од најпознатото списание за мажи, на кое не се гледа речиси ништо…

Линдзи на насловната позира седната на стол во облик на „Плејбој“ зајак кој на стратешки начин ги покрива „милион долари“ вредните делови од нејзиното тело. Медиумите велат дека вревата околу нејзиното соблекување била попуста и дека можебе тоа што го содржи списанието внатре некако ќе го поправи впечатокот.

Списанието треба да излезе во продажба кон крајот на декември.

Write A Comment