ШоуБиз

Сите сакаат бебето на Кејт и Вил да биде девојче!

Според британските медиуми, за неколку месеци на свет треба да се појави кралското бебе. Седум месеци по венчавката на Кејт и Вилијам, се чини дека Кејт е во шестата недела од бременоста.

–  Кралицата Елизабета јасно им даде до знаење дека сака што поскоро да добие правнуци и наследник или наследничка на британската круна, – изјавил добро упатен извор од кралскиот двор.

Истиот извор ја обелодени и локацијата каде Кејт и Вил беа на меден месец, па медиумите го сметаат за веродостоен.

–  Кејт е дефинитивно бремена и подготовките за бебето се во тек. Се подготвуваат три детски соби: една во Нотингам Котиџ каде моментално живеат Кејт и Вил, една во нивниот дом во Велс и една во палатата Кенсингтон, – тврди истиот извор.

Гордиот иден татко, како и дедото сакаат девојче.

–  Со оглед на тоа што круната сега може да ја наследи и жена, сите се надеваат дека ќе биде девојче. Сакаат традиционално име како Алис или Роуз. Ако биде машко ќе се вика: Едвард, Филип или Мајкл, – објаснува добро информираниот извор.

Од кралскиот довр сеуште нема ни потврда ни демант на овие гласини.

Напиши коментар