Sweet Home

Скандинавски дух во домот

Скандинавскиот стил на уредување на домот ужива култен статус помеѓу дизајнерите на ентериери, како и кај оние со префинет вкус. Овој стил е во врвот на популарноста, ако се опишува доволно е да се каже само „бел манимализам„.

Што го прави овој стил толку привлечен?

Овој стил преовладува во Шведска, Норвешка и Данска. Се карактеризира со бела боја ( може и беж, сива и сиво – плава), како и природната боја на дрвото. Прозорите се високи, без завеси како би пропуштиле доволно светлост во домот, а се заради долгите зими и краткиот ден во скандинавските држави.

Нема тежок и масивен мебел, во главно присутни се полиците и комодите со чисти линии и светли бои. Минималниот мебел дава пространост и леснина на просторот. Подовите најчесто се од масивно дрво од типот на броски под кој најчесто е обоен во бело или сиво.

Скандинавскиот стил на уредување е стерилизиран, модерен, полн со топлина и шарм. Едноставноста, природноста, чистината и непретенцизноста го чинат овој стил еден од најпосакуваните и најрелаксирачките стилови на уредување на домот.

Напиши коментар