Актерката Скарлет Јохансон неодамна изјави дека социјалните мрежи ги смета за чуден феномен и дека сеуште си нема направено Фејсбук и Твитер. Причина е што овој вид на комуникација воопшто не ја интересира.
На Скарлет ѝ е несфатливо како можат луѓето да ставаат статуси од типот на: „Сега вечерам и сакам сите да знаат што јадам“ или „Само што го испратив писмото и ги оставив децата кај родителите“.
– Тоа за мене е чуден феномен. Можам да смислам милиони други работи што би ги правела, отколку постојано да ги делам детаљите од секојдневниот живот со сите, – изјавила Јохансон.
Оваа изјава не нè ни чуди со оглед на тоа што неодамна Скарлет имаше големи непријатности кога нејзините голи слики го преплавија интернетот и сите социјални мрежи.
