ШоуБиз

Скарлет Јохансон во прегратките на… Дознај!

Скарлет Јохансон (26) и Џозеф Гордон Левит (30) се забележани заедно во Њујорк, а извори велат дека тазе разведената актерка и Томи од серијата „Третиот камен од сонцето“ се гушкале и бакнувале цела вечер.

–        Се запознаа додека планираа еден заеднички проект, но плановите малку се сменија и сега тие двајца се заедно, – изјавил еден пријател на Скарлет за американските медиуми.

Скарлет неодамна беше во кратка врска со Шон Пен, додека пак, Левит кој оствари огромен успех со минатогодишниот трилер „Почеток“, беше поврзуван со многу млади девојки, но за ниедна не призна дека му е официјална девојка.

Напиши коментар