ШоуБиз

Скромниот Бредли Купер е најсексипилниот маж на палнетвава

Бредли Купер е прогласен за најсексипилен маж на светот. Со оваа ласкава титула тој беше почестен од познатото списание „Пипл“.

Освен сините очи и пленувачката насмевка, списанието наброја уште неколку предности кои овој маж ги поседува пред другите кандидати за титулата. Бредли е добар готвач, може да ве повози на својот велосипед без проблем, а знае и да ви шепне слатки зборови на течен француски.

–    Позитивно е тоа што еден човек кој не е манекен може да ја добие оваа титула. Мислам дека изгледам пристојно; понекогаш изгледам сјајно, а понекогаш очајно, – ја искоментира Бредли добиената титула.

Напиши коментар