Мојата кујна

Слатки компири

Компирот е одлична замена за лебот, бидејќи претставува извор на калиум, но и на витамините А и Ц.

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 средни слатки компири

1/2 голем црвен кромид

1 филџан преполовени печурки шампињони

3/4 филџан преполовени шери домати

2 неполни супени лажици маслиново масло

2 кафени лажички мед

2 кафени лажички оцет балсамико

1/4 кафена лажичка сол

свежо мелен бибер по вкус

 

Подготовка:

Загрејте го шпоретот на околу 200 Целзиусови степени. Кромидот и компирите исечете ги на парчиња со големина од околу 2,5 сантиметри. Во длабок сад со средна големина помешајте ги доматите, кромидот, печурките, компирите и биберот. Во друг помал сад, убаво измешајте ги маслото, медот и оцетот. Потоа, во сад за печење пренесете ги двете претходно подготвени смеси и покријте го со алуминиумска фолија и печете 15 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печење уште 30 минути, односно се додека компирите не станат меки и златести.

 

Write A Comment