Art & Crafts

Направете разнобојни креди од лушпи од јајца

Цртањето со креда на асфалтот е омилена активност на скоро секое дете. Ако не сте купиле креди, можете да направите свои. Сè што ви треба се неколку состојки што ги имате дома.

Состојки:

  • 4 до пет лушпи од јајца (исчистени и сушени). Сварете ги лушпите и извадете ја мембраната
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажичка топла вода
  • Прехранбена боја
  • Хартиени крпи

Постапка:

Печете ги лушпите од јајцата 20 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови. Користејќи блендер или мелница за кафе, изблендирајте ги лушпите во ситен прав. Во сад измешајте ги брашното и водата додека не добиете леплива паста. Додадете една лажица прав од лушпи од јајце и капка прехранбена боја во тестото по желба. Добро измешајте и додавајте повеќе боја сè додека не ја добиете посакуваната нијанса. Обликувајте ја посакуваната форма на креда.

Ако премногу лепи, додадете малку повеќе топла вода. Завиткајте ја кредата во хартиена крпа и оставете ја да отстои на ладно и суво место три дена.

Ставете ја кредата на тепсија за печење, обложена со хартија за печење и печете 90 минути на 150 степени.

Оставете да отстои 24 часа пред употреба.

Користете ја оваа креда само на асфалт, бидејќи може да остави гребнатини, пишува PureWow.

Напиши коментар