Sweet Home

Слики на ѕидот

Собравте убава збирка уметнички слики, фотографии или постери и имате празни ѕидови во собите. Што сега? Како сето тоа да го наредите, да изгледа складно и убаво? Освен што морате да изберете соодветни рамки, постојат и одредени правила за тоа како треба сликите да се редат на ѕидот и да бидат во склад со мебелот и останатиот простор.

Ритам

Како да ги наредите сликте во одреден ритам? Една до друга. Дали ќе одат во права или искривена линија, зависи од просторот, но важно е со нивното редење да создадете привидно движење и живост. Комбинирајте поголема покрај помала слика, потоа повторно поголема и така со ред. Создавајќи ритмичност, големите формати слики неприкладно е да ги редите на овој начин, освен ако имате голем простор, тогаш можете. Дополнителна живост или „приказна„ на ритмичното редење слики може да им даде и самата тематика на сликите или фотографиите.

Рамнотежа

Групирајте на едно место неколку различнио слики со различни облици и големини, морате да внимавате да одржите меѓусебна рамнотежа, за да се стекне впечаток дека едната страна е „потешка„ од другата. На нашиот пример полутежа на кружната рамка на левата страна се двете правоаголни и потесни рамки на десната страна. Добар впечаток на рамнотежа ќе постигнете и со асиметричен распоред на сликите.

Хиерархија

Кај ваквиот начин на редење на сликите морате да внимавате да се наредени во симетричен облик, каде во очи „ќе ви падне„ една слика. Не е нужно таа да е најголена, но со нејзино истакнување во предвидениот простор, ќе се стекне токму впечаток на хиерархија. Ова е најпрактичен начин на редење на слики со различни големини и облик.

Повторување

Со оваа техника на редење можете да создадете многу драматичен и динамичен изглед. Кога окото ќе ја улови првата слика, која сама по себе се наметнува, погледот понатаму едноставно лизга додека не дојде до крајот. На овој начин идеално е да на редите голем постер или фотографија исечена на помали парчиња (како мозаик). Оваа техника им е омилена на дизајнерите на интериер, особено при поставување различни тродимензионални објекти како што се разни полици, кутии и сл.

Пропорционалност

Со оваа техника често се служат при поставувањето изложби во галериите, но слободно можете да ја примените во својот дом, а особено ако сакате на ѕидот да поставите фотографија од некој убав панорамски приказ. Овде мора да се почитуваат геометријата и математиката, за да се добие впечаток на воедначеност и склад на изложените слики.

Линии

Ако сакате да создадете впечаток на модерен дизајн тогаш употребете ја оваа техника за редење слики. Поради својот необичен облик исто како и кај техниката „повторување„, идеална е за поставување фотографии во голем формат или постери кои вака се претствуваат на многу динамичен начин. За да постигнете поинтересен дизјан, можете да комбинирате димензии на слики по висина или должина, како и со меѓусебни растојанија.

 

Напиши коментар