Овие фотографии јавноста досега немала прилика да ги види. На нив, покојната принцеза Дајана и принцот Чарлс блескаат од љубов. Фотографиите се направени за време на нивниот меден месец, а се чувани во тајност цели три децении.
Британските медиуми објавија слики од принцот Чарлс и тогаш, младата Дајана. Фотографиите ги направил службениот фотограф на бродот „Ројал Јахт Британија“ на кој кралскиот пар уживал во својот меден месец.
Фотографот Тери Смит тогаш бил британски офицер, а фотографиите ги чувал цели 30 години. Денес, тие послужија за да се потести јавноста колку оваа принцеза беше омилена меѓу народот и зошто сите ја сакаа.




