← НАЗАД НА БОЗА

Смоларски Водопади – Изворот на животот

Смоларски Водопади – Изворот на животот
3814 Читања

Се наоѓа над селото Смоларе на надморска височина од 630 метри, сместен длабоко во планината Беласица од кај што извира реката Ломница сокриена меѓу столетните букови дрвја. Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.

Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но оваа село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад.

За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат и да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството. На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Овој пазар беше отворен во Јануари 2007 година каде локалното население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. По краткиот разговор на пазарот продолжувате со искачување до водопадот. Долж планинската патека триста скалила ве очекуваат но свежото овошје во вашиот стомак и убавата природа која ве опколува ќе ве понесе до вашата дестинација.

Наеднаш ќе го видете Смоларскиот водопад како паѓа по мазна карпа. Водата која е бела од брзината на паѓање е во контраст со мазната црна површина на планината Беласица. Смоларскиот водопад е највисокиот водопад во Македонија, паѓа од 39,5 метри височина. Водопадот е дел од реката Ломница која е притока на реката Струмица од која се наводнува долината. Од врвот на водопадот водата паѓа во базен на дното при што ослободува освежителна пареа која доаѓа до платформата за набљудување. Додека стоите на платформата ќе сретнете многу други посетители од локалните населби но и од соседните земји. Сите вие сте опфатени со убавината која го одзема здивот.

Еден коментар → “Смоларски Водопади – Изворот на животот”


  1. Maja

    8 годинаи пред

    Mnogu ubavo. Me voodusevija slikite. I tekstot e fenomenalen, mnogu ubavo objasneto. Bravo.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk