Оние кои сакаат да вежбаат со цел да добијат поголема мускулна маса, треба да знаат дека правилната исхрана е побитна од самото вежбање. Многу чест вид на исхрана кај оние кои вежбаат е пилешко, јајце, ориз, компир, туна. И тука грешат.
Ако напорно вежбата, а вашето дневно мени изгледа слично на ова подоле, тогаш време е за промена:
7 часот – 4 јајца, една жолчка, банана, 2 дл млеко
10 часот – бурек, пирошка со сирење, 360 гр јогурт
14 часот – зеленчук, бело месо со ори, 25 гр јаглехидрати по вежбање
17 часот – протеински шејк
20 часот – 4 јајца, една жолчка, 50 гр житарици, 2 дл млеко
22 часот – протеински шејк
Интензивното вежбање и исхрана слична на оваа може да ја зголеми мускулната маса, но може да доведе и до губење килограми. Сепак оваа исхрана премнгоу се базира на протеини, а мастите се сосема запоставени. Тоа е веројатно и причината за губењето килограми. Нема потреба да се ограничувате само на бело месо, доволено е да јадете црвено, а пригответе го со маслиново масло.
Во меѓу оброците слободно можете да си дозволувате мусли бар или енергетските плочки. А наместо еден оброк протеински шејк, можете да си приготвите нешто со поголема калориска вредност и високи јаглехидрати, масти и малку протеини.
