Убавина

Со кафе против брчки и целулит

Кафето не е само убав напиток, туку може да биде и многу корисно за кожата и косата. Затоа пробајте некои од рецептите кои ви ги предложуваме.

Освежувачки лосион за лице

Сварете јако кафе, ставете го во сад за мраз и замрзнете го. Потоа избришете го лицето со парче мраз. Ваквиот лосион од кафе многу ја освежува кожата.

Лосион за тонирање на кожата

Наутро избришете ја кожата на лицето со памук натопен во свежо сварено кафе. Така не само што ќе ја изедначите бојата на кожата, туку ќе добиете и малку затемнета нијанса.

Маска против брчки

Измешајте лажица ’ржано брашно во ладно јако кафе и ќе добиете густа смема како крема. Потоа додадете жолчка и добро промешајте. Нанесете ја мешавината на лицето и по 15 минути убаво исплакнете.

Третман против целулит

Распоредете топло мелено кафе на проблематичните делови на телото и замотајте ги во фолија. Оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете. Исто така, можете да додадете мелено кафе во гелот за туширање и секој пат нежно да се масирате.

Маска за темна коса

Изматете 2 жолчки и лажица рум со две лажици топла вода, па додадете лажица мелено кафе и растително масло. Нанесете на косата и оставете да делува 5 минути. Исплакнете со топла вода.

За сјај на темната коса

Ако ви е потребно брзо да го вратите сјајот на темната коса, сварете па изладете јако кафе и со него попрскајте ја косата, а потоа внимателно исчешлајте се.

 

Напиши коментар