Таа не престанува да ја шокира јавноста и своите обожаватели каде и да се појави. Овој пат, била тргната на шопинг.
Додека многу од нас ги фрлаат парчињата облека кои Лејди Гага ги обожава, на јавноста ѝ останува само да се чуди. Пејачката како и секогаш се појави во шокантна комбинација во Јапонија. Во продавницата на „Луј Витон“ купувала како и сите нормални луѓе, но не изгледала така.
Во златен светликав капут, нормално со очила за сонце и метални канџи на ракавиците, Лејди Гага го привлекла вниманито на фановите кои чекале пред продавницата за да добијат автограми од својот идол. Гага љубезно се сликала со сите кои изразиле желба да застанат пред објективот со неа.


