ШоуБиз

Со кого е 50 Cent во врска?

Гостувајќи во една американска радиска емисија, популарниот рапер 50 Сент потврдил дека е во врска со водителката Челси Хендлер.

Гласините за наводната љубовна врска помеѓу раперот и водителката се појавија уште минатата година, откако Челси на својот Твитер објавила слика на која тие двајца се гушкаат в кревет.

На прашањето дали имал сексуални односи со Челси, 50 Сент низ насмевка одговорил: „Зошто ми правите вака? Повеќе нема да ме видите… ДА! “

Еден близок извор на парот открил за американските медиуми дека тие веќе подолго време се во сериозна врска.

–  Таа врска трае веќе подолго време и претставува нешто повеќе од само обично забавување.

 

Write A Comment