ШоуБиз

Со свој камен по глава

Со свој камен по глава! – гласеше насловот во сите медиуми.

Во јавност се појавија приватни слики на Марк Цукенберг, кои биле украдени од неговиот фејсбук профил. Фотографиите на кои Марк е сликан со девојката и со своите пријатели ги преплавија сите интернет страници, откако хакери ги симнале од социјалната мрежа со помош на заобиколување на сигурносните прилагодувања на фото албумите.  Преку ваквиот „баг“ хакерите успеале да ги преземат сликите на Марк кои не биле наменети за пошироката јавност.

Службените лица на Фејсбук веднаш се огласиле:

–  Грешката дозволува секој да може да види одреден број најнови фотографии на другите корисници и притоа, не се почитуваат одбрамбените сигурносни прилагодувања. Ова е резултат на најновите измени во кодот. Меѓутоа, тоа е само привремено. Моментално се работи на грешката и очекуваме во секој момент таа да биде отстранета.

Write A Comment