Здраво тело

Собирањето на бес е погубно за вашето срце!

Мажите кои никако не го изразуваат својот бес на работното место, со колегите, надредените имаат два пати поголем ризик од срцев удар или смрт заради срцеви заболувања отколку оние кои го покажуваат тоа.

Шведската студија покажала дека оние кои го игнорираат конфликтот и целиот бес го собираат во себе имаат три пати поголем ризик за срцев удар. Во испитувањето биле вклучени 2,800 мажи.

Психолозите сметаат дека не е добро да влезете во конфликт и да заминете со нервоза. Потребно е да ги решите работите и со мирна глава да си одите дома.

Од друга страна сето тоа повлекува и нервоза, па и незгодни ситуации дома. Кога нервозен си доаѓате дома следат кавги со домашните.

Ова истражување е направено само на мажи затоа што уште од претходните студии дојдено е до заклучок дека жените подобро реагираат на стерс.

Напиши коментар