Art & Crafts

Содата во служба на домот

Содата може да ви помогне во одржувањето на домот и да ви го олесни справувањето со одредени непријатни ситуации.

Отстранување на мирисот на цигари од облеката.

Ако ви се случи да се најдете во друштво на пушачи или ако самите вие сте пушач и го мразите мирисот на чад во вашата облека, можете да искористите сода бикарбона за да го отстраните. Пред да ги исперете алиштата, искиснете ги во вода со неколку лажици сода бикарбона.

Отстранување на мирисот на бебешка плунка и млеко од облеката.

 

Многу е тешко да се отстрани мирисот на бебешка плука и повраќаница од облеката. Но, со сода бикарбона можете да го потпомогнете тој процес. Напрскајте сода бикарбона на конкретното место на облеката и истријте.

Помалку миризлива канта за ѓубре.

 

Пред да ставите нова кеса во кантата за ѓубре, напрскајте го дното со сода бикарбона за да ја намалите лошата миризба.

Помалку мириси во фрижидерот

Во фрижидерот оставете мало отворено кутивче со сода бикарбона. Таа ги „впива“ миризбите. Менувајте ја сода бикарбоната на секои 3 месеци или порано ако започне да апсорбира премногу миризби. Доколку имате голем проблем со „миризлив“ фрижидер, исчистете го со вода и сода бикарбона.

Чистење на микробранова печка

 

Ставете сода бикарбона на сунѓерче и со него истријте ја микробрановата печка.

Чистење и освежување на даската за сечкање

 

За да ја исчистите и „одмирисате“ даската за сечкање храна, ставете сода бикарбона на суѓер и тријте. Потоа измијте со детергент.

Безмирисни пластични кутии за складирање на храната

Пластичните кутии кои редовно ги користиме за складирање на храната лесно се замирисуваат. За да ја елиминирате миризбата, наполнете ги со раствор од вода и сода бикарбона и оставете ги преку ноќ. Утрото измијте ги.

Чистење на загорени тавчиња

 

Направивте мала грешка во кујната и завршивте со загорено тавче? Можете на помош да побарате сода бикарбона. Ставете во тавчето сода бикарбона и налејте жешка вода. Оставете го да кисне барем неколку часа, а пред да го чистите можете малку да го загреете на рингла за водата да зоврие.

Чистење на скарата

 

Исчистете ја мрснотијата од решетката на скарата со влажно сунѓерче на кое ќе ставите сода бикарбона.

Чистење на тврдоглавото лепило од етикетите

 

Понекогаш врз новите предмети останува лепило од налепниците кое никако не сака да излезе. Во таков случај, ставете сода бикарбона на сунѓерче и протријте.

Посјајно сребро

 

Измешајте сода бикарбона и вода во однос 3:1 (3 лажички сода бикарбона и една вода) и со смесата истријте ги сребрените предмети. На крајот, измијте ги со вода.

Освежување на теписи

 

Ако одредено место на вашиот тепих поради една или друга причина има остра миризба, напрскајте го со сода бикарбона. Почекајте 2-3 часа, а потоа соберете ја сода бикарбоната со правосмукалка.

 

Напиши коментар