Art & Crafts

Содата во служба на убавината

Сода бикарбона не служи само за приготвување на вкусни печива. Таа има и ред други примени кои можат да ги направат поефикасни третманите за нега и разубавување,

Еве за што сè можете да користите сода бикарбона:

Чиста коса.

Сода бикарбоната може да ви помогне да ги отстраните наталожените остатоци од стилизирачките средства за коса како регенератори, пени или гелови. Едноставно додајте една лажичка сода бикарбона во вашето шишенце за шампон. Доколку користите базен за пливање, пожелно е потоа да ја измиете косата со раствор од сода бикарбона. Измешајте половина лажичка сода бикарбона со половина литар вода и измијте ја косата за да го отстраните хлорот и да си ја вратите бујноста на косата.

Чисти чешли и четки за коса.

Не само вашата коса, туку и вашите четки за коса стануваат подлога за таложење на остатоци од продуктите за коса. Спрејот за коса или природните масла од скалпот полесно ќе ги отстраните од четката ако ја потопите во топла вода со две лажици сода бикарбона.

Раце без остра миризба.

Измешајте 3 лажички сода бикарбона со една лажичка течен сапун и истријте ги рацете за да ја отстраните миризбата од риба, лук или кромид.

Мека кожа на лактите и колената.

Кожата на лактите и колената често знае да откаже послушност и да го добие оној непријатен на допир груб и крут изглед. Направете паста од малку сода бикарбона и вода и со неа истријте ги овие области од телото. Веднаш ќе забележите разлика.

Чисти и побели нокти.

Ставете малку сода бикарбона на стара четка за заби и со неа исчеткајте ги ноктите на рацете и нозете. Со тоа, ем ќе ги омекнете кутикулите, ем ќе ги исчистите и избелите ноктите, кои често пожолтуваат од користењето на лакови за нокти во силни бои.

Побели заби.

Врз пастата за заби на четката ставете малку сода бикарбона и измијте ги забите. Ве смета дека сода бикарбоната е природен избелувач на забите.

Релаксирање на стапалата.

Одморете ги стапалата по напорниот ден со мини бања од топла вода и 3 лажици сода бикарбона.

Освежување на здивот.

Растворете една лажичка сода бикарбона во чаша со вода. Напијте се една голтка и шмукајте, а потоа исплукајте ја течноста. Миризбите во устата ќе бидат неутрализирани.

 

Напиши коментар