Убавина

Сокријте го уморот на лицето во три чекори

Поголемиот дел од женската популација има проблем со сокривање на подочниците или други траги од умор.

Ви ги нудиме трите чекори за лесно и едноставно покривање на трагите од умор.

Прв чекор

Нанесете коректор околу пределот на очите во неколку слоеви. Бојата на коректорот може да биде за еден до два тона посветла од бојата на вашата кожа. Потоа нанесете пудра изедначувајќи ја бојата.

Втор чекор

Користете најсветло руменило. Тоа ќе ви даде свежина на вашето лице. Претемните бои ќе ги истакнат подочниците.

Трет чекор

Очните капаци премачкајте ги со бела сенка. Од сенката нанесете на аголот од почетокот на окото. Доколку нанесете бело моливче во внатречноста на долниот дел од окото дополнително ќе го освежи изгледот на уморните очи. Пред да почнете со шминкањето не е на одмет да капнете по некоја капка – капки за прочистување на очите.

 

Напиши коментар