Убавина

Сол и јогурт против големи пори

Денес ќе ви понудиме уште еден рецепт за природна маска за лице која самите може да си ја подготвите дома со намирниците од вашата кујна. Овој пат станува збор за  решение за оние кои имаат проблем со проширени пори на кожата.

Лечете ги порите со помош на едноставен  домашен третман. Јогуртот има моќ да ја зголеми еластичноста на кожата, солта е совршена состојка која може да ви помогне  да ги прочистите  порите од слободните радикали. Земете сад и истурете ¼ чаша јогурт во него. Потоа додадете три  лажички кујнска сол за да се создаде фина смеса. Нанесете ја смесата на вашата кожа и почнете со масажа на порите со кружни движења. Продолжете со масажата уште 3-4 минути и на крај исплакнете ја маската со ладна вода.

 

Напиши коментар