Пејачот ќе мора да остане во кревет најмалку до Нова година и тоа под строг надзор на лекари. Откажана е европската турнеја.
Џорџ Мајкл (48) е хоспитализиран оваа недела поради воспаление на белите дробови, а блиски извори на пејачот велат дека состојбата е сериозна.
– Џорџ се наоѓа на интензивна нега, а за него се грижат специјалисти за срце и бели дробови, – изјавил блискиот извор и додал дека Мајкл има проблеми со срцето, за кои досега не знаел.
Откажани се последните 14 концерти од неговата европска турнеја во Велика Британија, а доколку пејачот оздрави до Нова година, тогаш концертите ќе бидат презакажани за идната пролет.
